ЗАШТО Е ВАЖЕН ?
Кога може да се јави недостаток на магнезиум?
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
Во организмот на човекот магнезиумот има градбена улога, но и различни функционални улоги

  • Градбена улога:
    • Влегува во состав на коските и забите
  • Функционални улоги:
    • за контракција на скелетните мускули → овозможува мускулна активност кај луѓето,
    • овозможува правилна функција на срцевиот мускул,
    • контракција на мазната мускулатура → многу органи кај човекот се изградени од масни мускули (желудник, црева, мазни мускули се наоѓаат и во крвните садови),
    • одржува тонус на крвните садови ,
    • го намалува крвниот притисок бидејќи е природен блокатор на калциум,
    • обезбедува пренос на нервните импулси,
    • учествува во создавање на енергија неопходна за функцијата на човековиот организам ,
    • важен е за создавање на паратироидниот хормон,
    • важен за создавање на витамин Д.

Освен што магнезиумот е есенцијално важен за човекот, има и важна улога во земјоделството, бидејќи во производство на храна има централна улога во процесот на фотосинтеза.