ЗА ПРОИЗВОДОТ
Magnetrans 375 mg директ гранулат е додаток во исхраната кој овозможува достигнување на препорачаниот дневен внес на магнезиум и одржување на физиолошките функции на организмот кои се зависни од магнезиумот.
КАКО СЕ УПОТРЕБУВА MAGNETRANS 375 MG ДИРЕКТ ГРАНУЛАТ?

Magnetrans 375 mg директ гранулат е фармацевтски дизајн прилагоден на начинот на живот на современиот човек. Magnetrans 375 mg директ гранулат е пакуван во поединечна еколошки оправдана хартиена амбалажа. Лесно пренослив е за да биде секогаш до личноста на која ѝ е потребен. Употребата е едноставна – без вода и без допирање со раце.

Magnetrans 375 mg директ гранулат има пријатен вкус и ги задоволува дневните потреби за внес на магнезиум.

Magnetrans 375 mg директ гранулат не соджи шеќер, и може да го користат и лица кои не сакаат да ја зголемат телесната маса, дебели лица, лица со инсулинска резистенција, дијабетес и метаболичен синдром.

ТРАЕЊЕ НА ТЕРАПИЈАТА/УПОТРЕБА

Magnetrans 375 mg директ гранулат е додаток на исхрана и не може да се дефинира траењето на употребата. При дневен внес од 375 mg магнезиум, нема временско ограничување на употреба.

КОГА НЕ СМЕЕ ДА СЕ УПОТРЕБУВА MAGNETRANS 375 MG ДИРЕКТ ГРАНУЛАТ ?

Magnetrans 375 mg директ гранулат содржи извор на фенилаланин, и лицата кои имаат присуство на фенилкетонурија не треба да го користат.