Magnetrans®
ЗА БРЗ ЕФЕКТ И ДОЛГОТРАЈНА ПРИМЕНА

Magnetrans® e додаток на исхрана, кој овозможува достигнување на препорачаниот дневен внес на магнезиум и одржување на физиолошките функции на организмот.
За полесно памтење, ќе ги поделиме сите целни групи врз основа на 4 главни области на примена:

Спортисти и рекреативци

Magnetrans® , придонесува за подобро и поефикасно создавање на енергија и како таков се препорачува после физички активности. Тој овозможува брзо опоравување на организмот и намалување на заморот и исцрпеноста. Од друга страна, спречува појава на грчеви во мускулите.
Magnetrans® – Доволен за спортски ден.

Лица со заболувања на срцето и крвните садови, постари и дијабетичари


Magnetrans® , го нормализира срцевиот ритам, го намалува крвниот притисок и го одржува тонусот на крвните садови. Исто така придонесува и за регулација на зголемен шеќер.
Magnetrans® – Доволен без шеќер.

За поубавиот пол

Magnetrans® , заедно со калциум и витамин Д се користи во превенција на остеопороза, ги ублажува тегобите поврзани со ПМС и посебно се советува во бременост (во консултација со лекар) бидејќи ги спречува контракциите, го намалува зголемениот крвен притисок и спречува појава на грчеви во нозете, кои се посебно изразени кај бремените жени. Не треба да се заборави уште еден благотворен ефект, а тоа е нормализација на дигестијата, посебно во последното тромесечје на бременоста.
Magnetrans® – Доволен за жените.

Секојдневен стрес , главоболка и пореметување на сонот

Magnetrans® , придонесува за намалување на чуствителноста на секојдневниот стрес и ја намалува зачестеноста на главоболката кај лица со мигрена., така што е за лица со зголемени психолошки напори, вработени , студенти.
Magnetrans® – Доволен за стресен ден.
  • Како се употребува Magnetrans®?
    Magnetrans® има фармацевстки дизајн прилагоден на начинот на живеење на современиот човек. Magnetrans® е пакуван во одделни кесички. Лесен е за транспорт/носење, така што секогаш би бил на дофат на лицето на кое му е потребен. Употребата е директна и едноставна – без дополнителна течност, содржината на една кесичка се растопува директно во уста.
    Magnetrans® има пријатен вкус на портокал и грејфруит.
    Magnetrans® не содржи шеќер, така што можат да го користат и пациенти со дијабетес.
  • Траење на терапијата/употреба
    Magnetrans® е додаток на исхраната и не може да се дефинира траењето на неговата употреба. Една кесичка дневно овозможува оптимален внес на магнезиум.
  • Каде не се препорачува суплементацијата?
    Кај пациенти со мијастенија гравис и кај пациенти со бубрежна инсуфициенција.
  • Најчесто поставувани прашања
    Погледнете ги најчесто поставуваните прашања и одговори за Magnetransu®.