НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА
1. Што е Magnetrans 375 mg директ гранулат?

Magnetrans 375 mg директ гранулат е додаток во исхраната кој овозможува достигнување на препорачаниот дневен внес на магнезиум и одржување на физиолошките функции на организмот кои се зависни од магнезиумот.

2. Како се употребува magnetrans 375 mg директ гранулат?

Magnetrans 375 mg директ гранулат е фармацевтски дизајн прилагоден на начинот на живот на современиот човек. Magnetrans 375 mg директ гранулат е пакуван во поединечна еколошки оправдана хартиена амбалажа. Лесно пренослив е за да биде секогаш до личноста на која ѝ е потребен. Употребата е едноставна – без вода и без допирање со раце.
Magnetrans 375 mg директ гранулат има пријатен вкус и ги задоволува дневните потреби за внес на магнезиум.
Magnetrans 375 mg директ гранулат не соджи шеќер, и може да го користат и лица кои не сакаат да ја зголемат телесната маса, дебели лица, лица со инсулинска резистенција, дијабетес и метаболичен синдром.

3. Траење на терапијата/употреба

Magnetrans 375 mg директ гранулат е додаток на исхрана и не може да се дефинира траењето на употребата. При дневен внес од 375 mg магнезиум, нема временско ограничување на употреба.

4. Кога не смее да се употребува Magnetrans 375 mg директ гранулат?

Magnetrans 375 mg директ гранулат содржи извор на фенилаланин, и лицата кои имаат присуство на фенилкетонурија не треба да го користат.

5. Кој состојки ги содржи Magnetrans 375 mg директ гранулат?

Препарати на база на корен од бел слез може да ја намалат апсорпцијата при истовремена примена на лекот , и потребно е да се зема 1 час пред или после примената на лекот.

6. Можни несакани дејства

Во колку Magnetrans 375 mg директ гранулат се користи во количини повеќе од препораката на производителот може да предизвика лаксативно дејство.
При постоење на оштетување на бубрежната функција , потребна е консултација со лекар .

7. Magnetrans 375 mg директ гранулат и примена на други лекови

Потребна е консултација со лекар или фармацевт при употреба на:

  • антациди и лаксативи кои содржат магнезиум,
  • останати антациди (↓ апсорпција на Mg)
  • антибиотици од групата на тетрациклините , флуорохиноли и аминогликозиди (да се користат во временски период (растојание) од 4 часа),
  • други додатоци на исхрана кои содржат двовалентни јони, (↓апсорпција на Mg),
  • каптоприл , дигиталис,
  • литиум карбонат.

8. Примена на Magnetrans 375 mg директ гранули, храна и пијалок

За оптимално дејство на Magnetrans 375 mg директ гранулат, производот не треба да се користи истовремено со алкохол, додатоци на исхрана кои се концентриран извор на диетески влакна и други двовалентни јони (да се направи растојание од 4 часа).

9. Примена на Magnetrans 375 mg директ гранулат во бременост и доење

За користење на Magnetrans 375 mg директ гранулат, секогаш консултирајте гинеколог.

10. Magnetrans 375 mg директ гранулат и управување со возило и машини

Користењето на Magnetrans 375 mg директ гранулат не влијае на управување со возило и машини.

11. Што во случај на предозирање?

Знаци на преголеми количини на магнезиум во организмот се: главоболка, мачнина, повраќање, несвестица, намалување на крвниот притисок , слабост на мускулите, пореметување на работата на срцето.
Во случај на некои од овие појави, веднаш да се јавите на лекар!

12. Што ако го заборавам Magnetrans 375 mg директ гранулат?

Во колку заборавите да земете Magnetrans 375 mg директ гранулат, не треба да се надокнадува со дупла доза. Препораката е да се продолжи со користење на Magnetrans 375 mg директ.

13. Моментално престанување на користење на Magnetrans 375 mg директ гранулат

Се предлага консултација со лекар или фармацевт.

14. Како да се чува Magnetrans 375 mg директ гранулат и рок на употреба

Да се чува на суво место, на собна температура и подалеку од дофат на деца.
Рок на траење : 3 години.